Аферата „Ибица“ нема да го спречи Штрахе да се врати во политиката

Поранешниот вицеканцелар на Австрија, кој беше принуден да поднесе оставка поради корупциската афера „Ибица”, Хајнц-Кристијан Штрахе работи на своето политичко враќање, јавуваат локаните медиуми.

Штрахе во последните неколку дена се сретнал со австриско-канадскиот милијардер Франк Стронах. На состаноците присуствувала и сопругата на Штрахе, Филипа, која е пратеник во сегашниот Парламент, а порано работеле за милијардерот.

Стронах имаше своја партија „Тим Стронах”, во која од 2012 година инвестираше 20 милиони евра, а во 2017 година престана да дава пари по што партијата згасна.

Штрахе тврди дека со Стронах разговарал за економската и социјалната иднина на земјата, намалувањето на даноците и вклученоста на работниците во донесувањето одлуки во фирмите. По тој состанок, преку социјалните медиуми, Штрахе ја повика партијата да им дозволи на членовите на партијата, односно „базата”, да одлучи за неговото враќање во раководството на Слободарската партија на Австрија (ФПО).

Поради средбата со Стронах и изјавите на Штрахе, се шпекулира дека милијардерот би можел финансиски да ја одржи партија која Штрахе би можел да ја основа.

Медиумите објавија дека тој во последно време се сретнал и со голем број функционери на ФПО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот