Афера „Ибица“: Уапсени неколку Балканци кои учествувале во скандалот кој ја заврши политичката кариера на Штрахе

Фото: Принтскрин/Шпигел

Австриската полиција уапси повеќе луѓе, меѓу кои и едно лице со потекло од Босна и Херцеговина и едно со српско потекло, во врска со аферата „Ибица“. Во центарот на скандалот кој ја стресе австриската политичка сцена беше тогашниот лидер на Народната партија на Австрија (ФПО) Хајнц Кристијан Штрахе, пренсе Н1.

Приведени се повеќе луѓе од опкружението на приватниот детектив кој е одговорен за снимање на настаните на Ибица од пред две години, кога Штрахе ѝ вети на наводна внука на руски милијардер државни работи во замена за финансиска поддршка за неговата партија.

Според документите на австриското обвинителство, се претпоставува дека уапсените имале намера за пари да го уценуваат Штрахе, пренесува „Танјуг“.

Штрахе по појавувањето на видео-снимката поднесе оставка на сите политички функции, а на Владата на канцеларот Себастијан Курц ѝ беше изгласана недоверба.

Меѓу осомничените се наоѓа и директор на една консалтинг-фирма, како и негова соработничак, инаку поранешна девојка на детективот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот