Што не очекува денеска на Евро 2020: Хрватска оди на сè или ништо

Лука Модриќ, хрватскиот фудбалски репрезентативец/фото: EPA-EFE/Andy Rain

На осмиот ден на ЕП, ќе се одиграат три натпревари, Шведска – Словачка, Хрватска – Чешка и Англија – Шкотска.

Шведска во првото коло успеа да и откине бод на фаворизината Шпанија, додека Словачка ја изненади Полска и ја совлада со 2:1, поради што денешниот дуел кој започнува од 15 часот ќе биде интересен поради состојбата на табелата.

Шведска во натпреварот против Шпанија покажа дека е тврд орев, не успеа да прими гол, а интересно е што во 2021 година, „трите круни“ само еднаш не ја зачуваа сопствената мрежа и притоа остварија пет победи и едно реми.
Од друга страна, Словаците се дополнително мотивирани за овој натпревар поради победата над Полска во првото коло и со евентуален триумф ќе си обезбедат пласман во осминафиналето.

Вториот натпревар на денешната програма на Евро 2020 се игра од 18 часот во Глазгов и ќе претставува да се биде или не за Хрватска.
„Коцкестите“ кои загубија во првото коло од Англија играат против Чешка која пак ја совлада Шкотска со 2:0. Иако Хрватска е фаворит во обложувалниците, прикажаната игра против Англија покажа дека „коцкестите“ се далеку од формата со која станаа светски вицешампиони пред три години. Поради поразот во првото коло, но и победата на Чешка над Шкотска, Хрватска на овој натпревар влегува со императив да се победи за да се задржат шансите за пласман во осминафиналето.

Во последниот наптрвеар Англија на „Вембли“ ја пречекува Шкотска и се освен победа на „Гордиот Албион“ ќе претставува изненадување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот