Што направила со своето лице: Новото видео на Мадона ги загрижи фановите

Мадона: Фото: Принтскрин/ТикТок

Новото видео кое Мадона го објави на својот тикток-профил ги загрижи нејзините обожаватели.

63-годишната ѕвезда во неделата објави снимка од 13 секунди непосредно пред доделувањето на Греми наградите. Во видеото таа носи тешки сребрени ѓердани и црн проѕирен топ, а нејзината руса коса е сплетена во плетенки.

Нејзиниот лик е во крупен план, таа се наведнува нанапред со намера на гледачите да им испрати бакнеж. Нејзините следбеници останаа збунети од бизарното видео на „ТикТок“, а многумина се запрашаа за што воопшто ѝ требало ова видео на пејачката.

@madonna♬ original sound – madonna

„Супер! Како сега ќе ги затворам очите и ќе заспијам?“, напиша еден корисник.

„Ова е потполно вознемирувачки“, напиша друг.

„Ја сакам Мадона од малечка, но што сторила таа со своето лице?“, вели една нејзина обожавателка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот