Што најмногу читаат Македонците – Тајните на долговечноста и крими-романите на прво место

Деновиве во ТЦ „Зебра“ во Капиштец се одржува пролетен саем на книгата. Саемот почна во понеделникот и ќе трае до утре. Љубителите на книгата можат да бидат почестени со попусти кои се понудени од издавачките куќи „Антолог“, „Арс ламина“, „Култура“ и „Три“.

– Саемот има добар одзив, има многу заинтересирани читатели кои купуваат книги, најчесто се оние „self-help“ книги или книги од психолошки карактер, како да си помогнете себеси, како да бидете поуспешен. Исто така и крими романите и мистериите се доста продавани, како и љубовните романи – ни изјавија од книжарница „Три“.

Попустите на саемот се движат од 10- 20 отсто и важат само таму, што значи дека ги нема по книжарниците на издавачите.

Од книжарницата „Три“ исто така ни соопштија дека доста често се организираат вакви саеми на книга, најчесто во поголемите трговски центри, како „Рамстор“ и „Сити мол“, каде што наскоро ќе има и поголем саем на книгата со повеќе издавачки куќи.

Најкупувани на саемот се книгите на Ју Несбе, кои се криминалистички романи, а често исто така се бара и книгата „Водич за долговечност“ од д-р Митов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот