Што кога на децата им е здодевно? Погледнете ги нашите предлози!

Пред нашите деца стојат цврстите пандемиски предизвици преполни со забрани и промени во однос на претходните години, а тука е и учебната пандемиска година (без разлика дали се од дома или во училница) која им зададе дополнителна главоболка. Но, и покрај тоа, децата ги имаат истите обврски и истите очекувања, па ајде да им олесниме околу тоа.

Со цел учениците да ја имаат потребната мотивација и концентрација за часовите за учење, треба да им помогнете да го организираат своето време.

Најдобро е да ги научиме да и се посветат на наставата, а потоа да им подариме квалитетно слободно време.

Клучно е тие да го поминат слободното време кое им е на располагање во дружби со своите врсници или да се занимаваат со некаква физичка активност, но во пандемиските услови тоа да биде со задолжителна заштитна опрема.

Исто така, во ред е да го охрабрите детето да се запише на некоја воннаставна активност во согласност со неговите преференции, но не претерувајте! Многу е важно детето да има дволно време секој ден, да се одмори и да си игра.

Еве неколку предлози со кои можете да му помогнете на вашето дете да го искористи своето слободно време пред и после училиште, а воедно и да ужива во тоа.

Викенд излетите се секогаш добра идеја

Да поминете време на отворено, да уживате во свеж воздух и да истражувате нови места е секогаш одлична идеја!

Од поедноставни екскурзии, предлагаме прошетка до најблиската шума, низ градскиот парк или посета на зоолошката градина. Земете ќебе и малку храна за да може да организирате мал пикник во паркот.

Постојат многу интересни локации што можете да ги посетите во ваша близина, изборот е ваш!

Поттикнете ги да бидат физички активни

Пожелно е детето да го помине своето слободно време во движење, имајќи предвид дека поминува многу време седејќи за време на школските активности, без оглед дали посетува настава или ја слуша дома пред компјутерот.

Набавете му на вашето дете топка, велосипед, тротинет, скејтборд или нешто со што детето ќе сака да поминува што повеќе време на отворено.

Значи, дури и обичните прошетки до продавница ќе станат поинтересни.

Доколку имате можност играјте кошарка или фудбал во вашиот двор, вклучете се во игрите на вашето дете.

Дружење со пријатели

Пандемијата наложи нови правила, па така активноста дружење не е препорачана. Но сепак, охрабрете го вашето дете да го поминува слободното време со своите пријатели, со маска на лицето, на дистанца, на околните лулашки во насебата, на отворено, во школскиот двор.

Тука се и филмските вечери! За да го развеселите вашето дете со некоја идеја што ќе ја памти, ви предлагаме да поканите негов пријател, да направите пуканки и да организирате кино вечер под маски.

За помали деца, пожете да поставите тобоган или трамболина во дворот, кои исто се апсолутен хит.

Ако вашето дете сака да го помине своето слободно време играјќи нeкои игри на телефон, да се допишува со пријателите или да гледа телевизија, немојте да му го забранувате тоа.

Важно е само да не претера и да постои баланс помеѓу времето поминато пред екранот и на свеж воздух.

Колку повеќе ќе се вклучите во слободното време на вашето дете, предлагајќи некои активности или организирајќи патувања, толку помалку тие ќе бидат преокупирани со технологијата и со текот на времето тие самите ќе ви кажуваат како би сакале да го поминете викендот.

Вакво дружење е одлична можност да разговарате со вашето дете, да видите дали нешто му пречи или го мачи. Децата ќе си кажат сè отворено во вакви неформални ситуации и разговори.

Сè што ви треба за забавни активности во кое ќе ужива целото семејство е само добрата идеја!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот