Што е тоа што може да го изнервира секој хороскопски знак?

Фото: Профимедиа

Овен – Не му кажувајте што да прави, не му зборувајте за маните, не му шефувајте.

Бик – Не му го расипувајте уживањето, не му ја допирајте храната и работите за кои е поврзан, не му ја нарушувајте креативноста, не го терајте да брза.

Близнаци – Не им велете да молчат, не им кажувајте дека лошо се облекуваат или дека читаат лоши книги, не им забранувајте да возат, да зборуваат на телефон или да праќаат пораки.

Рак – Не му давајте обврски што не се поврзани со семејството, со домот или со блиските луѓе. Не го спречувајте да зборува за сè и сешто. Не гo терајте да биде сериозен и да порасне.

Фото: Профимедиа

Лав – Не му наредувајте. Не му зборувајте за партнерот или за финансиската состојба. Не се фалете и во никој случај немојте да бидете подобри од него.

Девица – Не го критикувајте нејзиниот избор, облеката или мебелот. Не ја ставајте под прашалник нејзината трезвеност и практичните решенија. Не го омаловажувајте нејзиниот труд кога ви помага.

Вага – Не ја терајте да го каже своето мислење, особено не лошото мислење. Не барајте да се кара и да се расправа. Никако не ѝ велете дека не е во право. Не ја оставајте на валкани места или простории.

Скорпија – Не ѝ заповедувајте и не ѝ држете лекции, нема да ве послуша. Не ја критикувајте и не ја озборувајте зад грб. И во никој случај не ја лажете.

Фото: Профимедиа

Стрелец – Не му наметнувајте обврски. Не му забранувајте да се движи. Не терајте го да почитува авторитети, луѓе кои молчат и страшливци. Не обидувајте се да го задржите во затворен и тесен простор.

Јарец – Немојте да бидете несериозни. Не го терајте да стигне на време и да не доцни. Не барајте да биде толерантен. Не ставајте го на ниски позиции.

Водолија – Не поднесува „побавно“ или „подоцна“, сè сака веднаш. Не ja терајте да живеe живот без стрес. Не барајте да бидe „класичнa“. Не ja оставајте самa.

unsplash

Риби – Не одземајте им ја потребата да бидат „потребни“. Не оставајте ги без мисија, не игнорирајте ги. Не ја игнорирајте нивната работа. Не барајте да бидат реални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот