Што донесе Бундеслигата: Mаски, пет замени, играчите симулираа гушкање..!

фото: твитер

Помеѓу играчите во секоја можна прилика мораше да постои растојание од барем два метри, додека трибините беа празни..

Како што е веќе познато, Бундеслигата се врати вчера со натпреварите од 26 коло и според резултатите, ништо драстично не се менува од аспект на шампионатот, но дефинитивно новите услови за играње фудбал барем во овој период делува врз играчите.

Ерлинг Халанд, новото светско фудбалско чудо, и после скоро двомесечната пауза поради пандемијата на коронавирус, продолжува да ги тресе противничките мрежи. Норвежанецот придонесе во новите три бода за „милионерите“ во триумфот над Шалке со 4:0.

Менхенгладбах ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт. Херта приреди мало изненадување против Хофенхајм со убедливата победа од 3:0.

Помеѓу играчите во секоја можна прилика мораше да постои растојание од барем два метри, додека трибините беа празни. Поради тоа играчите од клупата за резерви во Бундеслигата исто така беа оддалечени, па делуваа како да се во ложа на некоја театарска претстава.

На новите услови се прилагодија играчите на Дортмунд, на вообичаен начин ги поздравија навивачите, иако се празни трибините, но поентата е јасна. Фудбалот се игра за навивачите и љубителите на спортот..

Тренерите и играчите даваа изјава на безбедна оддалеченост, новинарските микрофони беа на „стапови“..Екипите користеа по пет замени, правило кое го предложија првите луѓе на светскиот фудбал, за да се намали ризикот од повреди.

Тренерите носат маски, како и играчите кои не се на теренот, а некои од нив после прослава на гол, симулираа и гушкање.

Германците први го најавуваат „рестартирањето“ на фудбалот, а за денеска се закажани нови мечеви во најсилното првенство, од 15.30 часот Келн е домаќин на Мајнц, додека Баерн Минхен од 18.00 часот му гостува на Унион Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот