Штимац го пуштија на слобода, еве што му порача на Вучиќ
Поранешниот кошаркар на „Црвена ѕвезда“, Владимир Штимац, се огласи веднаш по неговото пуштање на слобода во вторникот попладне, објави „Нова“.
Препорачано
Штимац беше уапсен во ноќта меѓу неделата и понеделникот, а беше ослободен во вторникот, откако беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Тој испрати силна порака до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Ukinut pritvor!
Štimac je slobodan čovek! pic.twitter.com/gi7JxLAojA— Vladimir🥋 (@samuraj016) November 4, 2025
„Ви благодарам пред сè што бевте со мене, што се појавувавте насекаде. Одиме понатаму, не застануваме нигде, се бориме против овој изопачен и криминален режим. Ако мислат дека ќе ме скршат во 18 квадрати, јас сум израснат во 18 квадрати — тоа треба сите да го знаат. Александар Вучиќ мора да знае дека јас не сум човек кој ќе се откаже од правдата и од нормалата, а сите овие негови марафетлуци може слободно да ги заборави,“ изјави Штимац.
По неговите зборови следеа аплаузи, овации и скандирање од страна на насобраните граѓани.
Медиумите објавија и прв видео-снимок од моментот кога Владимир Штимац го напушта притворот за да се брани од слобода.
Мајка на загинато момче во несреќата во Нови Сад штрајкува со глад, масовна поддршка од граѓаните


