Штедачите на Еуростандард деновиве ќе бидат известени за обесштетувањето

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Фондот за осигурување на депозити деновиве и официјално ќе ги извести поранешните клиенти на „Еуростандард банка“ за почетокот  и начинот на обесштетувањето. Се работи деноноќно и се вршат технички усогласувања на податоците. Пари има, а исплатата ќе оди преку Стопанска банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје, со цел да се избегнат масовни собири поради коронакризата, велат од ФОД за „Слободен печат“.

Согласно Решението на гувернерот на НБРСМ од 12 август 2020 година, обесштетувањето по основ на вкупните депозити кои клиентите ги имаа во Банката, требаше да почне во рок од 20 дена. Дел од поранешните клиенти на „Еуростандард банка“, се повикуваат на 1 септември, како датум за старт на исплатата и на социјалните мрежи, се чудат зошто се уште нема ништо.

За потсетување, Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година.

Вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени изнесува околу 4,4 милијарди денари (со состојба на 31 јули 2020 година). Преку ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“. Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот