Штајнмаер: Арапите во земјата да искажат осуда за Хамас

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска побара луѓето со палестински и арапски корени кои живеат во Германија да се дистанцираат од исламистичката милитантна група Хамас, јави ДПА.

„Не дозволувајте да бидете инструментализирани од соучесниците на Хамас“, рече тој за време на дискусијата организирана во неговата официјална резиденција во Берлин. – Зборувајте за себеси. Јасно отфрлете го теророт, порача шефот на германската држава.

Палестинската заедница во Германија треба да има простор јавно да ја изрази својата болка и очај поради цивилните жртви на израелските напади врз Газа, рече тој.

„Правото да се направи ова јавно и мирно е загарантирано со нашиот Устав – и ова право не е доведено во прашање, рече Штајнмаер. „Но, тероризмот, поттикнувањето омраза и повиците за уништување на државата Израел не се дел од оваа гаранција и очекувам заедно да застанеме против тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот