Шпанска серија во Ла Лига2, фудбалери на Фуенлабада во авион дознале дека се позитивни на корона и го испаднаа Дерпортиво

Првиот човек на Ла Лига повторно го нападна ПСЖ кого го смета за непријател на фудбалот/ фото: EPA-EFE/Ballesteros

Одлуката на Ла Лига да дозволи да не се одиграат сите натпревари од последното коло во втората лига во ист термин предизвика бура во Шпанија.

Депортиво Ла Коруња без да го одигра натпреварот од последното коло испадна од втората шпанска лига поради семејните врски на првиот човек на Ла Лига.

Натпреварот од последното коло требаше да го игра на домашен терен против Фуенлабада која по доаѓањето во Ла Коруња пријави дека има 12 фудбалери позитивни на коронавирус. Натпреварот не се одигра по што поранешниот полуфиналист во Лигата на шампионите испадна од втората лига.

Пред последното коло Депортиво имаше шанса за опстанок, требаше да ја совладаат Фуенлабада и да им се „погодат“ останатите резултати, што на крајот не се случи, но тимот поднесе жалба и бараше преигрување на целото коло. Според правилата на Ла Лига, натпреварите од последното коло мора да започнат во ист термин, а доколку тоа не се случи треба целото коло да се преигра.

Освен тоа, според медицинскиот протокол, сите екипи кои имаат повеќе од четворица позитивни на ковид-19 мораат веднаш да пријават на надлежните медицински инспекции бидејќи тоа се смета за ново жариште на вирусот.

Од Фуенлабада се бранат дека и самите дозна дознале за позитивните случаи, односно веста ја примиле додека биле во авион. Дури и Ла Лига застана во одбрана на Фуенлабада и ја нападнаа лабораторијата која ги правела тестирањата дека резултатите не ги пратила навреме, а го нападнаа и Советот за спорт на шпанската влада за кого наведоиа дека не си ги знае сопствените протоколи.

Екипата на Депортиво поради тужбата доби поддршка од уште неколку екипи кои имаат свои математики и интерес во оваа приказна и бараат одговорност од челниците на Ла Лига.

Причина за тоа е што синот на Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига, е секретар во Управниот одбор на Фуанлабада. Адвокатската канцеларија на Тебас е правен застапник на клубот и поради тоа останатите екипи обвинуваат за непотизам.

EPA-EFE/CATI CLADERA

Тебас се брани дека договорот вреден 130.000 евра е склучен уште додека Фуенлабада играла во третата лига и дека тоа е пријавено на надлежните институции во Шпанија. Медиумите во Шпанија открија дека Хавиер Тебас излажал за оваа информација и пријавил дека неговиот син е функционер во клубот.

Ла Лига засега одбива да го поништи целото коло, додека Депортиво е подготвен да оди до крај и ако не успее правдата да ја најде во шпанските судови ќе оди во Судот за спортска арбитража во Лозана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот