Шпанците со маски повторно се враќаат на работните места – Владата ублажи одредени мерки

На почетокот од вториот месец од воведувањето на вонредните мерки, одделни компании кои не можат да ги извршуваат своите работни обврски од дома добија дозвола да продолжат со активностите.

Шпанските власти денеска на големите сообраќајници им делат маски луѓето откако Владата ги ублажи дел од мерките против корона вирусот кој во оваа земја одзеде речиси 17 илјади животи.

На почетокот од вториот месец од воведувањето на вонредните мерки, одделни компании кои не можат да ги извршуваат своите работни обврски од дома добија дозвола да продолжат со активностите.

Одделни регионални лидери ја критикуваа ваквата одлука поради страв од повторување и раст на епидемијата. Поголемиот дел од жителите и понатаму ќе мора да останат дома, а работата на кафулињата и јавните простори остануваат затворени најмалку до 26. април.

Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде – Марласка изјави дека полициските службеници утрово почнале да делат милиони маски ширум целиот регион.

– Здравјето на работниците мора да биде гарантирано. Доколку има и минимални последици, активноста нема да може да се обнови, додава министерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот