Шокантни обвинувања: Иранските медиуми тврдат дека војската на САД краде сириска нафта

Повикувајќи се на неименуван извор иранската агенција „Фарс“ објави дека американската војска, со учество на курдските „Сириски демократски сили“, од Сирија извезува нелегално произведена нафта.

Според агенцијата, нафтата преку алтернативни нафтоводи се транспортира од нафтеното поле Карачук до магацинот Семалки, каде се пренесува на територијата во Ирак преку неодамна изградениот цевковод долж дното на реката Тигар.

Наводно, станува збор за стотици барели нафта дневно.

Претходно, разни арапски  и руски медиуми ги обвинија Соединетите држави дека се вмешани во грабежот на сириската нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот