Шок за Франција, Карабатиќ и селекторот Жил позитивни на корона

Карабатиќ беше позитивен на последното ПЦР тестирање/фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Ракометната репрезентација на Франција која досега на Европското првенство оствари четири победи во четири натпревари, доби лоши вести пред утрешниот натревар против Исланд бидјеќи остана без најдобриот играч и селекторот.

На последното тестирање, првата ѕвезда на „триколорите“ Никола Карабатиќ е позитивен на коронавирус исто како и селекторот Гијом Жил.

И двајцата ќе ги пропуштат натпреварите од главната рунда и би можеле да се вратат во репрезентацијата евентуално за полуфиналето доколку Франција обезбеди пласман во него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот