Шок во Фиренца: Само 22 дена траеше соработката помеѓу Гатузо и Фиорентина!

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Љубовта помеѓу Фиорентина и Џенаро Гатузо траеше само 22 дена, а стратегот кој се промовираше пред три недели.

Информациите велат дека причината за разделбата биле проблемите во стратегијата за трансфери со агентот на Гатузо, Жорже Мендеш.

Со соопштение од Фиренца е официјализиран крајот на соработката со славниот фудбалер на Милан..

– Фиорентина и тренерот Рино Гатузо, со заеднички договор, одлучија дека не ги делат истите визии и поради тоа следната сезона нема да ја започнат заедно.

Клубот веднаш започна да работи на наоѓање нов стратег кој ќе ги води „виолетовите“ кон резултатите кои ги заслужуваат Фиорентина и градот Фиренца – се наведува во краткото соопштение на клубот.

Потсетување дека претходно Гатузо го водеше Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од 2019 година и со чиј клуб еднаш го освои Купот на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот