Шкупи во Гибралтар го потврдува пласманот во второто квалификациско коло и  двомечот со Динамо Загреб

Шкупи убедливо со 3:0 славеше во Скопје против Линколн Ред Импс/Фото: facebook.com/lincolnredimpsfc

Фудбалерите на македонскиот шампион Шкупи денеска од 18 часот на гости кај Линколнн Ред Импс го играат реванш натпреварот од првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.

Шкупи на Гибралтар ќе брани предност од три гола (3:0) која би требало да биде доволна за пласман во второто коло каде го чека хрватскиот шампион Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Иако имаат предност од три гола, фудбалерите на Шкупи велат дека нема да го потценат противникот.

– Секако дека имаме позитивен резултат од првиот меч и за тоа треба да бидеме среќни, но мораме да бидеме внимателни и да не дозволиме да се случи никакво изненадување на реваншот. Знам дека ќе играме на вештачки терен, па веќе неколку дена тренираме на таков терен. Во текот на целиот меч мораме да бидеме посветени, ќе дадеме сè од себе со надеж за пласман во второто коло – вели голманот на чаирчани, Кристијан Наумовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот