
Шкријељ: Наталитетот во нашата земја паѓа веќе две децении, не од 2016 навака
Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ, вечерва во емисијата „Анализа“ на ТВ24 рече дека во нашата држава има континуиран пад на наталитетот веќе две децении. Според неа, ваквата слика е поради многу демографски аспекти карактеристични како за регионот така и за Европа.
Препорачано
„Пад на природен прираст имаме во контиуитет, не од 2016 натака, во континуитет имаме изминатите две децении и уште една работа која треба да ја имаме превид затоа што не потоиме како изолиран остров сами за себе, сите тие разни аспекти на демографската слика и состојба, иселувањата, губењето на работниците во други земји и ние сме под влијание на она што се случува и во регионот и во Европа. Европа како континет старее, нашиот регион старее и тоа се случува децении наназад, едноставно трендот е таков и сите проценки покажуваат дека нема да застане“, рече Шкријељ и додаде дека се потребни соодветни мерки кои ќе го намалат овој тренд.
За „антисемејните политики“ на претходната власт, како што ги нарече националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси – Владимир Ѓорчев, споменувајќи го укинувањето на надоместокот за трето дете, Шкријељ рече дека тој надоместок е трансформиран за да одговара во системот за социјална заштита.
Ѓорчев: Демографската состојба е тешка, виновни се „антисемејните политики“ на претходната власт