Влатко Ѓорчев / Фото: ТВ24

Ѓорчев: Демографската состојба е тешка, виновни се „антисемејните политики“ на претходната власт

„Демографската состојба во Македонија е тешка и никогаш не била полоша“, рече националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси Владимир Ѓорчев во емисијата „Анализа“ на ТВ24. Како што рече Ѓорчев, во моментов се подготвува „демографска стратегија која ќе донесе позитивни мерки за државата во наредните 20 години“.

„Мора да се работи на оваа тема и да се подобрат бројките. На пример, во 2023 година во Македонија се родени 17.700 бебиња. Тоа е најмалку досега во историјата на Македонија. Во 1950 година имало по 50.000 бебиња годишно“, рече Ѓорчев и додаде дека за падот на бројот на новородени бебиња виновни се од претходната власт со нивните, како што ги нарече, „антисемејни политики“.

„Го суспендираа надоместокот за трето дете, ние имавме ситуација каде што од 2008-мата, кога се воведе, до 2014 година бројот на третородени деца во Македонија беше зголемен за 40%. Значи од 2600-700 отидовме на 3700-3800 третородени деца во Македонија. Сега бројот на третородени деца е 1700-1800. Преполовен е“, рече тој.

Ѓорчев вели и дека приоритет на новата Влада ќе остане подобрување на демографската слика во државава, но и подобрување на условите за живот, мерка која ќе придонесе за помало иселување.

Ѓорчев: Демографската состојба е тешка, виновни се „антисемејните политики“ на претходната власт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот