Шишковски се врати во Работнички

фото: ФК Работнички

Повремениот македонски репрезентативец Дамјан Шишковски се врати во редовите на Работнички. Тој се договори со раководството на „романтичарите“за едногодишна соработка која ќе отпочне откако ќе завршат обврските на голманот со финскиот клуб Ропс кого го очекува настап во квалификациите за Лигата на Европа.

Дајман Шишковски во последните година и половина брани во Финска. Во последните шест месеци го брани голот на Ропс, а претходно беше дел и од тимот на Лахти.

По настапите за финскиот тим во квалификациите, тој ќе се приклучи на составот на новиот тренер Александар Влахо.
Работнички утре ќе ги стартува подготовките за новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот