Шилегов: Глобата од 45 евра за возачот на „Бентлито“ е првична, ќе се поднесе и кривична пријава

Петре Шилегов/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Градоначалникот на Град Скопје денеска за новинарите изјави дека казната од 45 евра за возачот на автомобилот со марка „Бентли“ кој помина низ новогодишниот декор на скопскиот плоштад е само првична, односно дека против него ќе се поднесе кривична пријава за загрозување на безбедноста на сообраќајот. 

– Вчерашната снимка беше скандалозна.  Глобата од 45 евра која ја објавив вчера не значи дека туку завршува работата околу санкционирање на лицето. Ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи има елементи за загрозување на безбедноста на сообраќајот – изјави Шилегов. 

ФОТО: Полицијата го пронајде возачот кој со „Бентли“ влета на скопскиот плоштад и го казни со 45 евра

Тој истакна дека Јавното обвинителство понатаму ќе постапува во врска со овој случај.

– Ќе го држиме обвинителството под око и ќе ја следиме ситуацијата со овој случај – порача Шилегов.

ВИДЕО I Автомобил „Бентли“ влета на скопски плоштад, пешаците панично се тргнаа настрана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот