Шестгодишен ученик со пиштол ја ранил наставничката, но нема да му судат

САД Полиција/ Фото: Chris Howes/Wild Places Photography / Alamy / Alamy / Profimedia

Хауард Гвин, обвинител во американскиот град Њупорт Њуз рече дека е малку веројатно дека шестгодишното момче кое пукало во својата учителка во основно училиште ќе биде обвинето. Сепак, сѐ уште не е донесена одлука дали ќе биде поднесена кривична пријава против некое полнолетно лице.

На 6 јануари, ученикот донел пиштол во ранецот и ја застрелал 25-годишната учителка Абигејл Цвернер во раката и градите, но таа го преживеала нападот. Гвин верува дека започнувањето на судски процес би било „проблематично“ бидејќи момчето е премладо за да го разбере правниот систем, пишува „Би-Би-Си“.

„Нашата цел не е само да направиме нешто што е можно побрзо. Кога ќе ги анализираме сите факти, ќе обвиниме секое лице или лица за кои веруваме дека можеме да докажеме без разумно сомневање дека извршиле кривично дело“, рече Гвин.

Во одделно интервју за локалниот „Еј-Би-Си“, тој нагласи дека генералниот консензус меѓу американските правни експерти е дека шестгодишно дете „не може да ја формира потребната криминална намера за да биде виновен за тежок напад“.

Цвернер ја тужела училишната област поради нападот, за кој полицијата вели дека се случил по „расправија“ со првачето. Оружјето било легално купено и било на мајката на детето, соопшти полицијата набрзо по настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот