Шест тинејџери пред судот во Франција во случајот со убиството на професор во 2020 година

Самуел Пати / Фото EPA-EFE/BERTRAND GUAY / POOL MAXPPP OUT

Шест тинејџери во Франција денеска ќе се појават пред судот зад затворени врати, обвинети за вмешаност во обезглавувањето на наставникот по историја Самуел Пати од страна на осомничен исламист во 2020 година во напад што ја потресе земјата.

Наставникот им покажал на своите ученици карикатури од пророкот Мухамед на час за слобода на изразување, што налутило голем број родители муслимани. Муслиманите веруваат дека секое прикажување на пророкот е богохулно, пренесува Ројтерс.

Едно од малолетниците е 15-годишно девојче кое наводно им кажало на своите родители дека Пети покажал карикатури од пророкот во нејзиното одделение. Таа ќе одговара за лажно обвинение откако ќе се утврди дека не била на часот кога тоа се случило.

Пати (47) бил убиен пред своето училиште во предградието на Париз од 18-годишен напаѓач, роден во Русија со чеченско потекло, кој бил застрелан од полицијата веднаш по нападот.

Петте други малолетници кои ќе бидат кривично гонети, на возраст меѓу 14 и 15 години во моментот на нападот, ќе одговараат за криминален заговор. Тие се осомничени дека му укажале на убиецот за Пати или помогнале да се следи неговото излегување од училиштето.

Сите шест малолетници се упатени на детскиот суд и може да добијат 2,5 години затвор. Рочиштата, кои треба да траат до 8 декември, ќе се одржуваат зад затворени врати. Обвинети се и осум полнолетни лица кои ќе се појават пред специјален кривичен суд.

Франција е дом на најголемото муслиманско малцинство во Европа и претрпе бран напади од исламистички милитанти или нивни симпатизери во изминатите години. По убиството на Пати, некои наставници признаа дека се цензурираат за да избегнат конфронтација со учениците и родителите околу религијата и слободата на говорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот