Шест нови заболени од Ковид-19 во тетовскиот регион

Статистиката во епидемиолошката служба при Центарот од почетокот на пандемијата бележи вкупно 846 оздравени и на домашно лекување.

Шест лица вкупно имаат позитивни тестови на Ковид-19 во тетовскиот регион, бележи Центарот за јавно здравје од Тетово на подрачјето на шесте тетовски општини.

Статистиката во епидемиолошката служба при Центарот од почетокот на пандемијата бележи вкупно 846 оздравени и на домашно лекување.

-Меѓу шесте новозаболени со коронавирус три има кај жители на општина Тетово, додека останатите три се по еден случај во општините Јегуновце, Брвеница и Теарце, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.

Тетовската полиција бележи 63 нови казни за лица кои не носеле заштитни маски согласно член 6 од владината уредба за превенција од ширење на Ковид-19. За изминатите 24 часа 5 луѓе добиле нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 250 луѓе со исти решенија и не биле констатирани неправилности

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот