Шест недели и 6 илјади долари за секоја од периките – Колку чинело да се рекреира изгледот на Принцезата Дијана за Кристен Стујарт во филмот „Спенсер“?

кристен дијана
Фото: Принтскрин / Instagram

Стилистката задолжена за изгледот на шминката и фризурата на Кристен Стујарт во претстојниот филм „Спенсер“ сподели детали за рекреирањето на изгледот на принцезата Дијана – и за неверојатната сума која ги чинела да го изведат тоа.

31-годишната Стујарт ја глуми принцезата Дијана во новиот филм кој истражува како покојната принцеза одлучила да го прекине контроверзниот брак со принцот Чарлс за Божиќ во 1991 година.

Во интервјуто за „InStyle“ Вакана Јошихара истакна дека режисерот Пабло Ларин одиграл значајна улога во тоа како да изгледаат периките инспирирани од принцезата Дијана.

Наместо да ја имитира озлогласената пикси фризура на принцезата Дијана од Сем Мекнајт во 1990 година, екипата на филмот одлучила да ги преслика изгледите на нејзиниот пердувест боб од доцните 1980-ти.

„Во 1991 година, косата на Дијана беше поприлично кратка, па затоа прво презентирав имиџ од тој изглед. Но, Пабло ми даде фотографии од фризура од многу претходно, од 1986 година. Тоа се времиња кога Дијана беше многу посреќна и имаше долга коса. Па пронајдов повеќе фотографии од истата локација од фотографиите кои ми ги покажа тој, за да можам да ги забележам различните агли од фризурата“, изјави Јошихара за интервјуто со Ерин Лукас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Conard (@thevarietyfeed)

Ограничувањата од Ковид-19 и Брегзит ги принудија Јошихара и производителот на перики Семјуел Џејмс континуирано да ги испраќаат двете перики кои се изработуваа за филмот меѓу себе. Секој ќе од нив додавал прамени од коса и ги бојадисувал додека не се постигнала посакуваната боја, должина и стил да се соодветни на вистинските.

Јошихара додаде дека секоја од периките чини речиси 6.000 долари. Едната перика наликуваше на боб фризурата на принцезата Дијана, додека другата е во помек стил што се користи за сцените кои ги вклучуваат принцот Вилијам и принцот Хари.

„Овој процес траеше околу шест недели и веројатно ја обоив периката три пати пред да ја запознам Кристен. Кога го направивме првиот фитинг знаев дека бојата не е соодветна, па повторно ја обоив“, изјави Јошихара, објаснувајќи дека додека косата на принцезата Дијана била поблиску до медена русокоса, а периките на Стјуарт биле посветли и порусокоси за да одговараат на нејзиниот тен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by victoria <3 (@gardenclipss)

Стујарт, која рече дека ја почувствувала енергијата на принцезата Дијана додека го снимала филмот, на почеток била против носење перика кога првично била претставена идејата.

„На почетокот, Кристен не сакаше да носи перика, мислам затоа што немаше искуство да носи многу добра перика. Потоа таа ја стави оваа перика, а со шминката добивме одлична претстава. Таа потоа веќе беше многу среќна и сигурна со тоа”

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот