Шест месеци затвор за Јовиќ: Поднесено обвинение против напаѓачот на Реал!

Фото: twitter/RMOnly

Првото основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, обвинувајќи го за кршење на самоизолацијата во Србија во март годинава.

Играчот е обвинет за кривично дело поради непочитување на здравствените прописи во текот на на пандемијата со коронавирус, информира обвинителството за „Танјуг”. Со ова обвинението, обвинителството му предложи на судот напаѓачот на 2 да биде осуден на шест месеци затвор.

Кривичната пријава против Јовиќ беше поднесена во текот на првата недела по воведувањето на вонредната состојба, откако тој требаше да помине две недели во самоизолација по враќањето во Белград, што не го стори.

До обвинението дојде затоа што фудбалерот не се согласил на можноста – отфрлање на кривичната пријава, со плаќање на глоба од 3,5 милиони динари.

Обвинителството најави дека ќе објави повеќе детали за овој случај во петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот