Шест малолетници монтирале фотографии од соученички за да ги исмеваат

Деца со лаптоп
Деца со лаптоп/ Фото EPA/PAUL MILLER

Шест ученици од основно училште во Кавадарци краделе приватни фотографии од нивни соученички, потоа ги монтирале и ги споделувале со врсници, со цел да ги исмеваат.

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот