Шест кривични за непочитување на мерката самоизолација

Руска Полиција Фото: МИА

Пријавите се по член 206, односно овие лица треба да очекуваат парична казна, која ќе им ја изрече надлежниот суд. Во Штип под специјален надзор се вкупно 15 лица. 

Секторот за внатрешни работи Штип попладнево поднесе шест кривични пријави за непочитувањето на мерката за самоизолација.

Портпаролот на СВР – Штип Гордана Панајотова информира дека до Обвинителството се доставени една пријава за случај во Штип, а полициската станица во Свети Николе исто така има доставено една пријава. По две пријави има за граѓани кои пристигнале од странство, а не ја почитувале мерката во општините Кочани и Делчево.

Пријавите се по член 206, односно овие лица треба да очекуваат парична казна, која ќе им ја изрече надлежниот суд. Во Штип под специјален надзор се вкупно 15 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот