Шест хормони поради чиј недостаток жените стареат предвреме

Фото: Профимедиа

Научниците тврдат дека нашето тело синтетизира околу 100 хормони од кои шест се важни за убавината на жената. Тие придонесуваат за еластичност на кожата, ја чуваат нашата младост, па дури и придонесуваат за доброто расположение.

Меѓутоа, од непознати причини, понекогаш телото не успева да ги произведе доволно па нивоата на хормоните се намалуваат, а личноста почнува да старее прерано. Добрата вест е што постојат методи за воспоставување рамнотежа на хормоните.

1. Естроген

Естрогенот влијае клетките на фибробластот да произведуваат колаген и еластин. Кога нивото на овој хормон ќе се намали, се појавуваат брчки, овалниот облик на лицето станува нерамномерен, а градите стануваат опуштени. Меѓутоа, не станува збор само за кожата – колку е пониско нивото на естрогенот, толку телото побрзо се троши.

Како да го покачите нивото на естроген?

Храна: Млеко од соја, кафеав грав, ленено семе, свеж зеленчук и овошје. Научниците тврдат дека месните производи го потиснуваат производството на естроген, затоа подобро е да се намали потрошувачката на животински протеини.

Козметика: Особено креми кои содржат фитоестрогени. На пример, серуми и кремови со корен од сладунец се борат против стареењето, бидејќи содржат ликуиритигенин, антиоксидант кој го стимулира производството на колаген.

2. Хормон на раст – соматотропин

Луѓето имаат тенденција да добијат соматопауза со текот на годините – состојба кога нивото на хормонот на растот во крвта почнува да опаѓа. Кога нивоата на соматотропин се намалени, мускулите се смалуваат, а маснотиите и брчките почнуваат да се појавуваат во прекумерни количини, расположението се влошува, а издржливоста се намалува.

Познатите личности од Холивуд си вбризгуваат хормон за раст, меѓутоа, овој метод има многу непријатни нуспојави, како што се отекување, главоболки, па дури и неконтролиран раст на коските и внатрешните органи.

Како по природен пат да го зголемите нивото на хормонот на раст?

Физичка активност: Одење со брзина од околку 4 км/ч, вежби со тегови (10-15 повторувања за секоја рака). Подобро е ако тренингот за сила е пред аеробните вежби – прво, работете со тегови, а потоа одење. Секако, печашењето надвор е најдобра опција.

Промени на температура: Посета на сауна или туширање наизменично со топла и ладна вода го стимулира производството на хормонот на раст.

3. DHEA (Dehidroepiandrosteron)

DHEA е хормон што делува смирувачки и е ефикасен против стареењето. Но, работата е во тоа што се произведува само до 30-тата година од животот. Потоа, тонусот на мускулите почнува да опаѓа, крвните садови стануваат тенки, а кожата ја губи еластичноста.

Како да го подигнете нивото по природен пат?

Вклучете здрави масти во исхраната: Нашето тело произведува DHEA со помош на нив. Јаткастите плодови, семките, мрсната риба и авокадото содржат есенцијални полизаситени масни киселини.

Јадете протеини за појадок: Тие помагаат во борбата против промената на расположението и го стабилизираат нервниот систем на самиот почеток на денот.

4. Мелатонин

Мелатонинот го регулира нашиот дневен ритам. Со други зборови, тој го информира телото кога е време за одмор. Сите процеси на обновување на клетките се одвиваат во текот на спиењето и доколку сонот е нарушен, луѓето почнуваат предвремено да стареат.

Недостатокот на мелатонин доведува до појава на брчки, губење на косата и создавање на пигментирани дамки на кожата.

Како да го подигнете нивото на мелатонин?

Храна: Мелатонинот се наоѓа во бананите, доматите, оризот и пченката.

Алкохолот, цигарите и кофеинот имаат контра-ефект. Кога ги консумирате овие работи, производството на овој хормон престанува. Некои лекови како што се бета-блокаторите и антивоспалителните лекови го имаат истиот ефект на организмот.

5. Кортизол

Високото ниво на хормонот на стресот – кортизол придонесува за прерано стареење. Во зависност од типот на кожата, негативниот ефект на кортизолот се манифестира на различни начини: од сива боја на лицето до премногу сува кожа која се лупи, до длабоки видливи брчки и мрсна кожа со акни.

Овој хормон ги разградува влакната на колагенот и прави кожата да изгледа уморно и млитаво.

Како да го намалите нивото на кортизолот и стресот?

Пијте доволно вода: Дури и мала дехидрираност го покачува нивото на овој хормон. Една сосема обична работа како чаша вода може многу да ви помогне да се опуштите.

Додатоци во исхраната кои содржат корен од роза го намалуваат нивото на анксиозност и кортизол.

Слушајте добра музика која ве опушта: Научниците потврдуваат дека музичката терапија го намалува нивото на стрес.

Медитацијата е уште еден одличен начин природно да се намали нивото на кортизол без никакви дополнителни лекови.

6. Инсулин

Инсулинот го зголемува нивото на глукоза во крвта, и кога ќе се наруши состојбата со истиот, на кожата, се појавуваат рани знаци на стареење. Високото ниво на шеќер доведува до појава на брчки како и на кожа што виси.

Поради зголемувањето на нивото на глукоза, процесот што се нарекува гликација (поврзување на молекули на шеќери и протеини) се одвива побрзо отколку што треба во одредена старост, што доведува до уништување на колагенот и еластинот. Еластичната кожа станува поцврста, подебела и поподложна на пукање, како и дехидрирана.

Како да ја заштитите кожата од вишокот шеќер?

Консултирајте се со лекар за да се утврди нивото на шеќер во вашето тело. По консултација со специјалист, можете да започнете со третирање на проблемот.

Козметика: Употребувајте креми и серуми со ретиноиди (витамин А и неговите деривати) кои стимулираат производство на колаген. Овие козметички производи треба да ги содржат витамините Ц, Е и зелен чај – сите се одлични антиоксиданти.

Користете крем со заштитен фактор секојдневно, дури и во зима. Сончевите зраци ги уништуваат еластинските влакна и придонесуваат за брзо стареење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот