Шест членки на ЕУ ќе ги разгледуваат реформите во Светската трговска организација

Шест земји членки на Европската унија – Германија, Данска, Холандија, Финска, Чешка и Шведска ќе разговараат за реформите во Светската трговска организација (СТО), се наведува во соопштението на финското Министерство за надворешни работи, цитирано од светските агенции.

Претставници на шестте држави од ЕУ ќе се соберат во Стокхолм на средба, организирана од министерот за надворешна трговија и северните земји на Шведска, Ана Халберг. Шестте држави вообичаено покажуваат многу блиски позиции во однос на трговската политика на Европската унија.

Тема на средбата во шведската престолнина ќе бидат прашањата за трговијата, животната средина, нееднаквоста меѓу половите и борбата со климатските промени, а, исто така, и за реформите во СТО.

Цел на средбата во Стокхолм ќе биде и поблиската размена на мислења пред оддржувањето на форумот на Светската трговска организација, закажан за јуни во Казахстан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот