Шеснаесет загинати во израелски напад врз училиште во Нусејрат
Во израелски напад врз училиштето Јауни во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа денеска загинаа 16 Палестинци, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас.
Препорачано
Во соопштението се наведува дека повеќе од 16 лица загинале, а 75 се повредени во нападот врз училиштето управувано од УНРВА во бегалскиот камп Нусејрат, во кое се сместени приближно 7.000 лица, објави Ал Џезира.
Од почетокот на војната, Израел бомбардирал повеќе од 17 училишта и центри за раселување и засолништа во бегалскиот камп Нусејрат, се наведува во соопштението.
Канцеларијата за медиуми во Газа додава дека во Појасот функционираат само две болници и дека тие не се во можност да даваат здравствени и медицински услуги поради пренатрупаноста и зголемувањето на заразните болести.
Бројот на убиени Палестинци во Појасот Газа по израелската војна во енклавата се искачи на 38.098, од кои повеќето деца и жени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
47мин
-
49мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


