Шешељ предупредува: Вучиќ ќе биде отруен

Претседателот на Српската радикална странка (СРС), Воислав Шешељ утрово на ТВ Пинк предупреди дека е загрозен животот на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека е под закана за труење. Затоа, додаде тој, шефот на српската држава треба да праќа свои претставници на средбите во странство, бидејќи, како што рече, „постои можност да биде отруен при престој надвор од Србија“.

Шешељ претходно истакна дека Вучиќ им пречи на Американците кои, според него, веќе подготвуваат наследник на српската опозиција.

– Тоа значи дека Американците ќе се обидат да извлечат максимум за себе на три фронта. Прво, сакаат да го урнат Вучиќ и тоа одамна, рече Шешељ.

Тој не пропушти прилика да повтори дека Американците имаат свои долгорочни цели на овие простори.

– Да завршат, пред сè, со прашањето на Косово. Ќе притиснат пет земји на Европската Унија да го признаат Косово. Потоа сакаат уништиување на Република Српска, истакна Шешељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот