Шерон Озборн за бракот со Ози – Имаме секс неколку пати неделно
И после 40 години брак изгледа дека љубовта меѓу Ози Озборн и неговата сопруга Шерон се уште цвета, и покрај тоа што тој пред четири години ја изневери со речиси половина помладата фризерка Мишел Пуг.
Препорачано
Шерон во интервјуто за „CBS“ проговори за нивниот сексуален живот. Иако таа има 67 години, а Ози 71 година, тврди дека тие имаат секс и по неколку пати неделно.

„Сите знаат дека Ози е премногу сексуален, тоа не е тајна“, се пошегува таа.
„И сега тој го обожава сексот, но не толку како претходно. Некогаш применувавме секс три пати на ден, а сега тоа е само неколку пати неделно“.

„Тоа е сосема нормално кога сте во долга врска. Со време ви станува јасно дека не е важен само сексот туку и интимата. Секоја врска има свои подеми и падови, но важно е да се сакате“, додаде таа.

„Важно е почитувањето и чувството на сигурност. Доколку љубовта е взаемна, ќе водите љубов и тоа за вас ќе биде најдоброто чувство на светот“, заклучи таа.

Шерон и Ози се венчаа во 1982 година, а имаат и три деца, 37-годишниот Ејми, 35- годишната Кели и 34-годишниот Џек. Ози пред Шерон беше во брак со Телма Рајли, со која исто така има три деца.


