Шефот на Мекларен го предупредува Норис: Сè уште не ја поседуваш титулата
Има уште три трки до крајот на сезоната, па иако Норис, кој сега е на чело, го има „моментумот“, работите можат (повторно) да се сменат
Шефот на Мекларен, Андреа Стела, го предупреди Ландо Норис дека „сè уште не го поседува“ шампионатот на возачи во Формула 1 и покрај тоа што го зголеми водството на Големата награда на Сао Паоло.
Препорачано
Британецот лесно победи во Интерлагос и создаде предност од 24 поени пред својот тимски колега Оскар Пјастри, а Макс Верстапен (Ред бул) е 49 поени зад него на третото место.
Победите на Норис во Бразил и во Мексико направија сеизмичка промена во трката за титулата, во која претходно водеше Пјастри.
Но, Стела го предупреди Норис по неговиот успех во Сао Паоло и повика на „фокус“ за максимално искористување на преостанатите трки.
– Искрено, ако гледиштето сега е дека Ландо го поседува шампионат – не го поседува. За мене, единствениот начин на кој гледам на пласманот е да одам трка по трка и да се осигурам дека ќе ги максимизираме поените што ќе ги освоиме – изјави Стела за медиумите.
Unseen grid snaps 📸#McLaren | #BrazilGP 🇧🇷 pic.twitter.com/bdKkchLvz1
— McLaren (@McLarenF1) November 11, 2025
И покрај моментната ситуација, со 83 поени што останаа за освојување во последните три викенди, Пјастри е далеку од тоа да биде надвор од борбата за титулата. Неодамнешната голема промена можеби отиде во корист на Норис, но потребен е само еден лош викенд за лидерот во шампионатот, работите во Мекларен повторно да се свртат .


