Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска во Приштина, утре во Белград

Како што соопшти вчера Амбасада на СР Германија во Приштина, меѓу темите за кои шефот на германската дипломатија ќе разговара со домаќините е и дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас се очекува да допатува денеска во еднодневна официјална посета на Косово, каде што ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти вчера Амбасада на СР Германија во Приштина, меѓу темите за кои шефот на германската дипломатија ќе разговара со домаќините е и дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

– Сојузниот министер за надворешни работи Мас планира да допатува во Приштина, Косово, на 22 април 2021. Тематски содржини на неговата посета ќе бидат прашањата од билатералните односи, приближувањето кон Европската унија, како и дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, се вели во вчерашното соопштението на амбасадата во Приштина.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека, по Приштина, Мас утре, на 23 април, ќе го посети и Белград, каде што и со српските челници ќе разговара за процесот на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот