Фото: Министерство за одбрана на Србија

Шефот на српската разузнавачка служба: Со експлозив од САД мигрант се обидел да изврши диверзија на гасоводот

Директорот на Српската воена безбедносна агенција (ВБА), Ѓуро Јованиќ, денеска на прес-конференција во врска со откривањето експлозиви во близина на гасовод во Војводина изјави дека службите имале информации дека маж од група мигранти ќе се обиде да ја саботира гасната инфраструктура, пренесуваат српските медиуми.

Јованиќ додаде дека со месеци предупредувале за можноста од таква закана, но биле дочекани со скептицизам.

„Со месеци го предупредувавме врховниот командант, претседателот Александар Вучиќ, како и државното раководство, дека може да се случи нешто како она што се случи денеска. Да бидам искрен, наидовме на скептицизам, неодобрување и несогласување. Како во случајот кога моравме да презентираме релевантни индикатори дека гасната инфраструктура може да биде загрозена“, рече Јованиќ.

 

Тој истакна дека на денешната акција ѝ претходела висококвалитетна оперативна работа на терен и добра размена на информации со други служби.

„Имавме информации дека лице од група мигранти, на воено способна, ќе се обиде да ја саботира гасната инфраструктура. Тоа лице сигурно ќе биде приведено. Единственото прашање е дали истрагата ќе трае три дена или повеќе месеци“, додаде директорот на ВБА.

Тој истакна дека пронашле специјално спакувани експлозиви, херметички затворени, капсули за детонација подготвени и спакувани за транспорт, како и детонаторска прачка и алатки и опрема за подготовка на експлозиви за диверзија.

„Ќе откријам еден детаљ од истрагата, според ознаките на експлозивите, може да се види дека се произведени во САД“, рече директорот на ВБА.

Надлежните служби претходно објавија дека станува збор за сериозен безбедносен инцидент што може да има далекусежни последици за енергетската стабилност на Србија и регионот.

Обвинителката на Вишото јавно обвинителство во Суботица, Младенка Манојловиќ, изјави дека обвинителството го квалификувало случајот како кривично дело нелегално производство, носење и трговија со оружје и експлозивни материи во врска со кривичното дело диверзија.

Лидерот на унгарската опозиција го прозва Орбан – нешто „случајно“ се случи на гасоводот во Србија пред изборите во Унгарија

Врие од српска полиција и војска во Кањижа: Вучиќ вели дека е пронајден експлозив со огромна разорна моќ кај гасоводот „Балкански тек“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот