ФОТО | Шеф Марк отпатува од Македонија и ја научи лекцијата
Шеф Марк Де Јонг отпатува од Македонија и сега со својата сопруга Василка ужива во егзотична земја.
Препорачано
Марк и Василка, познати авантуристи, решија да го посетат Занзибар и да уживаат на рајските плажи, што покажаа во видеото кое познатиот готвач го објави на Фејсбук.
„Како од секое патување, мора да направиме едно видео од 360 степени, да се гледа убавината на морето во Занзибар- рече Марк на видеото на кое неговата сопруга е во бикини.
Потоа, Марк објави уште неколку фотографии со локалците.
„Посетување на село од Масаи. Какви луѓе. Со ништо – нешто прават! Убава лекција за нас што имаме сѐ на раполагање“, напиша готвачот.
Шеф Марк неодамна призна дека поради друга жена се разделил од сопругата и откри дека сѐ уште ја нема видено својата внука.
„Таа е Белгијанка. Да ти кажам право, голем дел од животот поминав на работа. Ми пораснаа децата, ама голем дел од животот, растеа без мене. Сега се веќе свои луѓе, сум им обезбедил сѐ што посакале, ама тоа ќе го носам како товарцел живот, што и не ме гледале доволно.
Син ми кога имаше 15 години кога почна да работи со мене, го научив. И тој е шеф сега на кујна во телевизија во Белгија, тој е главен шеф таму“, рече Марк во подкастот „Ајкон шоу“.
Потоа Марк призна дека имал љубовница и на прашањето дали се разделиле поради трета личност тој рече: „Да. Како човек, кога немаш дома, си го бараш на друго место“. Потоа рече дека неодамна станал дедо.
„Јас сум сега и дедо, имам внука од ќерка ми. Внука ми не сум ја видел уште, за жал немав уште прилика, таа има една и пол година. Ќе биде“, додаде готвачот.


