Шеф Бранко Попоски празнично готви за читателите на „Слободен печат“: Пченкарна пита со спанаќ и домашно пченкарно брашно

За разлика од претходните години, во пресрет на оваа година, кога ќе ги замислиме своите цели што сакаме да ги постигнеме во следната година, треба да сме свесни за важноста на здравјето, да бидеме подисциплинирани кога станува збор за здравиот начин на живот и да го вреднуваме секој миг.

По чоколадниот ролат (ако сте го пропуштиле, прочитајте – ТУКА) и полнети златни шампињони со ориз, моцарела и пармезан, и како додаток чварки и беби рукола (ако сте го пропуштиле, прочитајте – ТУКА) , специјално подготвени за читателите на „Слободен печат“ од нашиот омилен шеф – Бранко Попоски, продолжуваме со трет предлог на празнично мени, рецепт за пченкарна пита со спанаќ и домашно пченкарно брашно.

За тестото:
– 2 мали лажички квасец
– 2 лажички сол
– 1 лажичка шеќер
– 250 мл топла вода
– 2 шолји пченкарно брашно
– 1 шолја бело брашно
– 3 мали лажички маслиново масло

За филот:
– 500 гр спанаќ
– 100 гр путер
– 1 мала лажичка сол
– Половина лажичка бибер
– 1 чешне лук
– 1 кромид
– 100 гр моцарела
– 80 гр биено сирење
– 1 лажичка триена сол

Начин на подготовка на тестото
Квасецот, шеќерот и водата ги мешате заедно. Оставете ги да отстојат околу 15 минути и додадете ги солта и маслото. Потоа, постепено со мешање додадете го брашното и замесете меко тесто. Оставете го да отстои околу 30 минути.

Начин на подготовка на филот

На растопен путер додадете ги претходно изблендираните лук, кромид и зачините. Пропржете и додадете го спанаќот. При крај, додадете го ренданото биено сирење и моцарелата.

Премачкајте го округлото тавче за печење со путер, и половина од тестото обликувајте го во форма на круг со прилепување за ѕидовите. Врз тестото истурете го филот и прекријте го со ленти од останатиот дел од тестото во форма на правоаголници долж по филот.

Печете во загреана рерна од 220 степени околу 30 до 40 минути со постепено намалување.

На здравје!

Шеф Бранко ви посакува да бидете здрави и добри човечки битија во Новата 2021 година.

 

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот