Шарлиз Терон го нападна Стивен Сегал: Ти си смешен и дебел, не си никаков борец!

профимедиа

Шарлиз Терон изјави дека Сегал не е некој миленик на понежниот пол…

Убавата Шарлиз Терон во најновото интервју жестоко го прозва актерот Стивен Сегал и истакна дека нема проблем да се дистанцира од него, со оглед дека тој не е баш омилен кај жените.

Имено, во интервју за Хауард Стен, Шарлиз зборуваше за тоа како таа се подготвува за борбените сцени, односно сцените во филмови за кои е потребно добро познавање и користење на борбените вештини.

И додека таа зборуваше на таа тема, ја искористи приликата и го повика својот колега Сегал, велејќи дека тој е само многу голем човек и дебел и дека не покажува никакви вештини, туку само го користи фактот дека е огромен и дебел и само ги турка луѓето.

инстаграм

– Навечер, секогаш барам борци на Интернет или гледам како луѓето се борат. Па наидов на тоа чудно видео со Сегал каде тој „се бори“ во Јапонија, но тој навистина не е способен. Тој е едноставно неверојатно претежок и само ги турка луѓето – изјави Шарлиз.

– Тој има вишок килограми и едвај може да се бори. Смешен е, ги турка луѓето по лицето цел сет, продолжи остро актерката.

Шарлиз објасни дека таа нема никакви проблеми со тоа што така зборува за Стивен, бидејќи тој и не е некој миленик на понежниот пол, а упати и една малку безобразна порака до него.

– Нека се е*е!

Инаку во минатото неколку холивудски актерки зборуваа против Сегал односно тие го обвинуваа дека тој се обидел да ги искористи сексуално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот