„Шанел бр.5“ дебитираше на 05.05.1921: Што значел бројот за големата Коко?

Коко Шанел, Фото: Flickr

На 5 мај 1921 година, парфемот Шанел бр. 5 официјално дебитирал во бутикот на Коко Шанел на улицата Камбон во Париз. Датумот со симболично значење за креаторката, станал и датум на успехот. Новиот мирис веднаш направил револуција во индустријата за парфеми и е сè уште популарен цел век подоцна.

Почетоците на Коко Шанел

Габриел „Коко“ Шанел е ќерка на продавач на облека и перачка. Научила да шие во манастирот каде што татко ѝ ги испратил трите ќерки по смртта на нивната мајка кога Коко имала само 11 години. Од овие скромни почетоци, таа брзо се издигнала на модната сцена, кога нејзиниот љубовник, богат текстилен магнат по име Етиен Балсан, ѝ помогнал да го отвори својот прв бутик. До 1921 година, Шанел станала славна дизајнерка на облека, позната и по многу популарните, револуционерни дизајни на облека и по нејзините романси од висок профил и имиџот во јавноста.

Фото: Flickr

Како е создаден парфемот Шанел бр. 5?

Токму една таква романса доведе до создавање на Шанел бр. 5. Додека летувала во Јужна Франција со големиот војвода Дмитриј Павлович, протеран руски благородник кој учествувал во убиството на Григориј Распутин, Шанел го запознала парфимерот Ернест Бо. Таа почналa да работи со него на мирис што ќе го носи нејзиното име, наводно предизвикувајќи го да создаде мирис што „ќе мириса на жена, а не на роза“.

Фото: Flickr

Според легендата, Бо или неговиот асистент случајно додале преголема доза на алдехиди – хемикалии кои му помагале на мирисот да трае подолго, но кои биле ретко користени од парфимерите од тоа време, кои претпочитале природни состојки и овошни мириси. Наведени се бројни причини зошто Шанел се решила на овој мирис: многумина тврдат дека алдехидите ја потсетувале на сапун, мирис кој ја вратил во пералната на мајка ѝ, додека други тврдат дека таа го избрала петтиот примерок од серијата што Бо ја понудил поради нејзината доживотна опсесија со бројот пет.

Шанел подоцна рече дека парфемот „беше она што го чекав… женски парфем, со мирис на жена“.

Фото: Instagram

Мирисот официјално дебитирал заедно со нејзината нова колекција, на петтиот ден од петтиот месец во 1921 година

Уште пред да дебитира, Шанел бр.5 предизвикал фама. Шанел организирала забава за некои од нејзините најмодерни пријатели, го испрскала парфемот околу масата и, според легендата, секоја жена што ќе поминела ја прашувала за мирисот.

Парфемот бил непосреден хит, кој се сметал за „почист“ од повеќето парфеми, но исто така и „позрел“ и повозрасен, во согласност со јавниот имиџ на Шанел. Сега многумина го сметаат за првиот модерен парфем, Шанел бр. 5 е препознатлив и класичен како најпознатите дизајни на облека на Шанел и самата дизајнерка.

Видео на денот