Шанданите без свеќи, црквите празни, а полицајци на секој чекор (ГАЛЕРИЈА)

Вечерва црквите во главниот град се празни.

Скопјани поради празничниот полициски час не можат да отидат во црква каде на полноќ ќе биде обзнането воскресувањето Господово. Црквените порти на божјите храмови се затворени.

Во нив единствено се само поповите и црковните служители. Некаде шанданите се затворни, а онаму каде што не, горат свеќите кои ги запалиле поповите. Репортерите на Слободен печат ја затекнаа екипата на Македонската телевизија како се подготвува за пренос на полноќната богослужба од Соборниот храм.

Поглаварот ги повика верниците вечерва на полноќ да излезат на балконите и со свеќа во рака да го дочекаат Христовото воскресување. Сепак, пред црквите има полициски патроли кои се грижат за спроведувањето на полицискиот час.

Од осамостојувањето на Македонија до денес за прв пат црквите за Велигден се без верници.

Фото: Елисавета Бејкова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот