Шаќири: Се што е законски ќе биде прифатено за кратење на материјалот за матура, конкретен одговор ќе има до следната недела

Фото: МИА

Ќе прифатиме се што е во насока на законскиот основ, во однос на кратење на материјалот за матура, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Очекува до крајот на оваа или почетокот на следната недела да имаат конкретен одговор од Државниот испитен центар.

Соопшти дека е во редовна комуникација со ученичкиот сојуз и учениците кои беа на протест, а тие исто така комуницираат со Државниот испитен центар и известени се за сите делови што се планирани да се реализираат во државната матура.

Сите барања што може да се земат предвид, ќе ги прифатиме, додаде тој.

Во однос на студентскиот оброк, министерот очекува за овој месец исплатата да се реализира побрзо.

Веќе има доставен предлог од група пратеници каде што влегува повисока вредност на обркот, но исто така и системското решение за обркот каде што треба измени на законот. Очекувам целосна поддршка од пратениците, вели тој.

Во петокот средношколците излегоа на протест пред МОН со барање да се скрати испитниот материјал на полагањето на државната матура или да се намали бројот на интерни испити. Протестот на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДОС) го поддржаа и студенти од движењето „Студентски отпор“ кои ги актуализираа нивните проблеми.

ВИДЕО | Протестираа средношколците: Ние сме најоштетена генерација, барем да се скрати материјалот за државна матура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот