Судење за Кочани 2 ден/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Шабан Салиу и другите директори на ДЗС треба да дадат воведен збор – продолжува судењето за „Пулс“

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор Шабан Салиу и другите обвинети поранешни директори на ДЗС Аднан Џафероски, Беким Максути и Џевад Адеми треба да дадат одбрана односно воведни зборови на продолжението на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Тие се следни обвинети од вкупно 35 физички и три правни лица кои седнаа на обвинителна клупа за првото обвинение што беше поднесено за кочанската трагедија каде животот го загубија 63 лица.

Газдата на „Пулс“ се расплака во судница: Од срце и душа им изразувам сочувство на блиските на починатите и ние имаме и починат и повреден во семејството

Сите обвинети досега пред судот тврдеа дека се невини, од газдата на дискотеката Дејан Јованов – Деко, неговиот син и брат, градежните инспектори, проектантката на дискотеката, поранешните градоначалници на Кочани и припадниците на обезбедувањето.

Tврдеа дека за кривичното дело што им се става на товар не се виновни, дека не биле надлежни или немале ингеренции. Ваквите тврдења родителите на загинатите деца ги дочекаа гневно, а вчера на седница на Анкетната комисија во Собрание, се соочија со претставници на власта, побараа правда, но и да се гонат актуелни функционери.

„Дали судницата се претвори во Струшки вечери на поезијата?“: Родителите на децата загинати во „Пулс“ бараат одговорност наместо стихови

Од ДЗС, освен поранешните директори, обвинет е и генералниот инспектор во ДЗС – Љупчо Грнчиштанов. Потоа поранешните министри Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, како и претставници од Министерството за економија меѓу кои Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи и Размена Чекиќ Дуровиќ.

Воведен збор треба да дадат и пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев, а преостанува и воведниот збор на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето.

Обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители, а во судницата во Идризово на секое рочиште се присутни дел од родителите на загинатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот