Северна Ирска постигна 20 гола во двата меча против Македонија

женска фудбалска репрезентација
фото: ФФМ

Во својот шести натпревар од квалификациите за Светското првенство македонската женска сениорска репрезентација загуби по вторпат од Северна Ирска на гостински терен во Белфаст со високи 9:0.

Да потсетиме дека во претходниот меч одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје избраничките на селекторот Кирил Изов загубија уште поубедливо од истиот ривал (0:11).

Домашните фудбалерки на денешниот меч постигнаа четири голови во првото полувреме, МекГинес двапати се запиша во листата на стрелците, а по еднаш Холовеј и Фурнс. Во вториот дел уште еден погодок имаа Холовеј и Фурнс, МекГинес го комплетираше хет-трикот во 62 минута, а во триумфот придонесоа уште Мегил и Бити.

Тоа беше петти пораз за нашата селекција која е претпоследнопласирана во квалификациската група „Д“ со три бода, колку и Луксембург на четвртото место.

На врвот е Англија со 15 бодови, два повеќе од Северна Ирска, на третата позиција е Австрија (10), а надното без бодови е Летонија. Следниот меч најдобрите македонски фудбалерки ќе го имаат следната година на 8 април на домашен терен против Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот