Северина го осудува српскиот патријарх: Нека се помоли за спас на својата душа, ќе му треба

Фото: Instagram

Во големото интервју што изминативе денови го даде Северина Вучковиќ, хрватската пејачка го обвини српскиот бизнисмен Милан Поповиќ дека психички ја злоупотребувал, па наброја судии, лекари, работници на центарот за социјални работи и моќни луѓе, кои, како што наведува, со нејзиниот поранешен партнер во Загреб систематски работеле на тоа трајно да ѝ го одземат детето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Еден од тие моќни луѓе, вели, е и новоизбраниот поглавар на Српската православна црква, Порфириј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Тука е и новоизбраниот поглавар на Српската православна црква, славниот Порфириј, пријателот на Милан кој наводно ми простува нешто, а јас не барам прошка од него. Tој прво нека се покае за своите гревови и нека се помоли за спасение на својата душа. Ќе му треба. Порфириј, како добар пријател на Милан, дозволи детето крстено во католичката црква повторно да се крсти во православната црква без согласност на мајката. Тоа никаде го нема, изјави Северина за Х-алтер.орг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Во изминатите неколку денови во јавноста протекоа гласини дека Северина му праќала заканувачки пораки на патријархот и дека затоа тој ја пријавил во ДОРХ (Државно обвинителство на Република Хрватска).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Набрзо пријавата до државното обвинителство беше демантирана, а медиумите ја објавија веста дека токму крштевањето на малиот Александар во православната црква е причина за нивниот конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот