Сетиен: Не можам да замислам дека ова ми е последниот натпревар

twitter/Barça Watch

Тренерот на Барселона е убеден дека ќе остане на клупата и по осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Наполи.

Барселона ја загуби титулата во Ла Лига иако пред рестартот на сезоната имаше два бода предност пред лутиот ривал, а за главен виновник беше посочен тренерот Киек Сетиен.

Сетиен се наоѓа под огромен притисок и иако многумина очекуваа тој веднаш да добие отказ, управата на Барселона му даде уште една шанса и тоа во Лигата на шампионите.

Барселона во реванш осминафиналето од ЛШ игра против Наполи, а резултатот од првиот натпревар е 1:1.

– Воопшто не ми падна на ум дека ова ќе ми биде последен во Барселона. Мораме да се подготвуваме како и да размислуваме дека ќе одиме понатаму – вели Сетиен кој порача дека неколкуделната пауза добро им дојде на сите во неговиот тим, но и за подготовка за дуелот со Наполи.

– Размислувавме на се за да видиме која е најдобрата опција за нас. Наполи може да биде опасен кога ја има топката, на првиот натпревар постигнаа гол по едно ипол минутно додавање помеѓу себе. Напредуваат, дисциплинирани се. Ние мора добро да читаме одредни моменти од натпреварот, кога ја имаме топката, и кога нема да биде во наш посед. Доколку ја задржиме топката во нашите нозе, тогаш тие ќе имаат мали шанси да дадат гол. Барселона не го загуби идентитето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот