Фото: илустрација / МВР на Србија / Фејсбук

Сериски разбојник од Македонија е уапсен во Краљево, „оперирал“ со лажен пиштол и маска

Српската полиција во градот Краљево уапси 44-годишен македонски државјанин кој е осомничен дека ограбил неколку обложувачници и пошта, соопшти денеска српското МВР, според „Н1“.

Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека влегол во обложувачници и пошти на територијата на Краљево со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.

Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и пиштолот, за кој е утврдено дека не е вистински, односно дека се работи за метална реплика.

Тој е обвинет за пет кривични дела разбојништво. На осомничениот ми е одредено задржување до 48 часа и со кривична пријава ќе биде приведен во ОЈО во Краљево, велат од српската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот