Плакат за книжевниот настан „Добри гости“ во Прилеп

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ на „ПНВ Публикации“ продолжува во Прилеп

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „МА Продукција“ од Прилеп и „Култура Бета“ од Скопје, на 25 јануари (сабота), во Прилеп ќе го реализира седмото издание на проектот „Добри гости“, преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот ќе се одржи на 25 јануари, во кафе-галерија „Лувр“ во Прилеп, со почеток од 12:30 часот, и поддржан е од Општина Прилеп.

На седмото издание на „Добри гости“ во Прилеп ќе учествуват: Нина Насеска, Славчо Ковилоски, Андреј Ал-Асади, Никола Дукоски, Игор Трпчески, Звонко Димоски, Оливера Андоноска, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски, Филип Димкоски, Петар Петрески, Викторија Ангеловска, Габриела Стојаноска-Станоеска, Сузана Ѓеорѓиевска, Лина Димоска, Елена Јандреовски, Андријана Дукоска, Ели Луческа и Јулијана Величковска.

Настанот ќе почне со промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, а потем ќе следува и книжевното читање на кое ќе настапат сите учесници.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.

Проектот досега се одржа во Штип, во Тетово, во Струмица, во Демир Хисар, во Куманово и во Охрид, а планирани се гостувања во уште градови низ земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот