Серијата „His Dark Materials“ наскоро се враќа со втора сезона

Instagram

Една од најпопуларните серии минатата година беше дефинитивно „His Dark Materials“. Оние кои ја гледале првата сезона несомнено знаеја дека ќе следува втора чија премиера се очекува наскоро.

Instagram
Instagram

Премиерата на втората сезона е закажана за 17 ноември на „HBO“ сервисот.

Серијата е базирана на истоимената наградувана трилогија на aвторот Филип Пулман, која се смета за современо ремек-дело на научната фантастика.

„His Dark Materials“ рангирана со оценка 7.9 од 10 на „IMDB“, а на „Rotten Tomatoes“ има дури 81%. Обожавателите веруваат дека оценката ќе се промени и ќе стигне уште повисока бројка со втората сезона.

Instagram
Instagram

Приказната ја следи младата девојка Лаира која ја толкува актерката Дафне Кин, навидум обична, но неверојатно храбра девојка од друг свет.

Втората сезона започнува откако Лорд Азриел, кој го игра актерот Џејмс Мекавеј, ќе го отвори мостот кон новиот свет, а Лаира, очајна поради смртта на нејзиниот најдобар пријател, го следи Азриел во непознатото.

Instagram
Instagram

Во еден чуден и мистериозен напуштен град, таа го запознава Вил, лик толкуван од актерот Амир Вилсон, момче од нашиот (реалниот) свет, кој исто така бега од своето проблематично минато.

Instagram
Instagram

Лаира и Вил сфаќаат дека нивните судбини се поврзани со наоѓањето на таткото на Вил, но тие постојано наидуваат на некакви препреки додека околу нив почнува да се вжештува војна.

Instagram
Instagram

Во меѓувреме, г-ѓа Колтер, која ја игра Рут Вилсон, ја бара Лаира и е решена по секоја цена да ја врати дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот