Серијата „Bridgerton“ ги сруши рекордите на гледаност на „Netflix“

Instagram

„Bridgerton“ е најуспешната серија на сите времиња на „Netflix“, соопштуваат од компанијата.

Имено, неверојатни 82 милиони претплатници на услугата ширум светот ја гледале историската  романса.

Серијата „Bridgerton“ чија популарност не покажува знаци на стивнување, сега е најпопуларната серија на „Netflix“ и воедно го надмина претходниот рекордер, фантастичната хит серија „The Witcher“.

Instagram
Instagram

Серијата, која ја следи лондонската елита од 19 век, за многу кратко време го освои вниманието на гледачите ширум светот.

Мислам дека серијата навистина е неверојатно бегство за публиката во време кога тоа е токму она што ни е потребно“, изјави Ван Дусен минатата недела кога беше најавено дека серијата официјално ќе има и втора сезона.

„Bridgerton“ е раскошна, живописна романса исполнета со љубов и радост, но и интриги што воедно ја прави универзална тема на која реагираат луѓето. Костимографијата е на завидно ниво, а целото дејство е проследено со одлична музика. 

Зборувајќи за неверојатниот успех на Џини Хоу, потпретседателката на одделот за серии на „Netflix“, таа истакна дека отсекогаш сакала историски романси.

Instagram
Instagram

За време на моите интервјуа со „Netflix“, се сеќавам дека ме прашуваа: -Ако можеш да направиш некоја серија, каква би била и зошто? И, тогаш ја кажав вистината. Во свет на популарна култура во која доминираат научната фантастика и фантазија, отсекогаш сум сакала убави, романтични приказни. А, она што можам да го објавам дека „Bridgerton“ сега е најуспешната серија досега на „Netflix“ е остварување на сонот“, вели таа.

„Bridgerton“ ја прикажа кралицата Шарлон како афроамериканка која ја користи својата мпќ да влијае на пошироки промени во британското општество, вели Џини.

Instagram
Instagram

Вклучувањето на сите раси во серијата ја направи „Bridgerton“ достапна и современа серија која резонира со публиката ширум светот“, истакна Џини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот